• петок, 22 ноември 2024

Адам Сендлер во „Хепи Гилмор 2“

Адам Сендлер во „Хепи Гилмор 2“

Лос Анџелес, 16 мај 2024 (МИА) - Пo скоро 30 години, Адам Сендлер се враќа како голферот „Хепи Гилмор“. Имено, глумецот потврди дека тој и „Нетфликс“ ја подготвуваат спортската комедија „Хепи Гилмор 2“, а според наводите, и Дру Баримор била информирана дека продолжението е во подготовка. Снимањето е во рана фаза.

Комедијата за Хепи Гилмор - млад човек кој сака да стане професионален хокеар, но е апсолутен „антиталент на мраз“, па решава да стане шампион во голф за да го исплати даночниот долг на баба му - беше вистински хит во 1996. и годините потоа. Сепак, „Хепи Гилмор 2“, за жал, ќе се снима без Карл Ведерс, кој почина во февруари претходно оваа година.

Освен Сендлер, ниту еден друг глумец не го потврдил своето учество во новиот филм. 

Адам Сендлер неодамна беше прогласен за најплатен актер за 2023 година и покрај тоа што ниту еден од неговите филмови не стигна до големото платно. Глумецот лани заработил 73 милиони долари благодарение токму на „Нетфликс“.  си/паг/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан