• среда, 12 јуни 2024

Асфалтиран потегот околу црквaта „Свети Спас” во Драчево

Асфалтиран потегот околу црквaта „Свети Спас” во Драчево

Скопје, 30 јануари 2024 (МИА) -  Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска извршил увид во асфалтирањето на потегот околу црквата „Свети Спас" во селото Драчево, на површина од околу 1600 квадратни метри, каде претходно се градеше нова водоводна мрежа. Со новата водоводна мрежа се опфатени улиците „Корџевска”, „Мишевска”, „Домазетовска” и „Чучевска” и како што најавува општината, ќе бидат асфалтирани откако домаќинствата ќе се приклучат на новоизградениот водовод.

-Денес завршивме со асфалтирање на еден поголем простор околу црквата „Свети Спас” кој поради постоењето на верскиот објект, но и поради тоа што претставува сообраќајно поврзување на неколку други улици, е доста често користен од страна на жителите на Драчево. На повој потег, на површина од 1600 квадратни метри, претходно изградивме подземна инфраструктура, односно нова водоводна мрежа, која ги опфаќа и улиците „Корџевска”, „Мишевска”, „Домазетовска” и „Чучевска”. По завршувањето на активностите поврзани со приклучување на домаќинствата на водоводната мрежа, и овие улици ќе бидат целосно асфалтирани, изјавил градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Ваквиот системски и плански начин на работа, посочил, обезбедува квалитетна надземна и подземна инфраструктура, што во минатото било многупати лажно ветувано, додека жителите со децении биле оставани без квалитетна вода за пиење.  - Продолжуваме со инвестирање во вакви проекти во целата општина, во сите населби и населени места се до целосно надминување на проблемите недозволиви за постоење во 21-от век, рекол градоначалникот Ѓорѓиевски.лв/

фото: Општина Кисела Вода 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан