• сабота, 13 јули 2024

Мицкоски најави реформи во правосудството, ќе го слушне мислењето и решенијата на експертите

Мицкоски најави реформи во правосудството, ќе го слушне мислењето и решенијата на експертите

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Реформи во правосудството и Судскиот совет ќе има, но најпрвин да ги слушнеме и мислењата на експертите и какви решенија ќе посочат, бидејќи нивните мислења ни се секогаш добредојдени, истакна денеска мандаторот за состав на нова влада, Христијан Мицкоски, кој пред средбата со градоначалниците на Генералното собрание на ЗЕЛС во Скопје, одговараше на прашањата за реформите во Судскиот совет и како ја коментира изјавата на актуелниот министер за правда Кренар Лога дека во правосудството се потребни реформи, кој упати критики за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот совет.

-Очекувам во таа дебата со експертите да ги слушнам и решенијата, за проблемите коишто евентуално тие ќе ги посочат. Што се однесува до самата реформа, ние излеговме пред граѓаните добивме половина милион гласа, отворивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа којашто јавно ја зборуваме на секој настан, на секоја средба со граѓаните ова го зборував, рече Мицкоски.

Што се однесува за ставот на Лога, Мицкоски му порача дека тој како актуелен министер за правда имал можност во својот мандат да ја зголеми довербата на граѓаните во судската власт, да направи реформи, но како што рече Мицкоски за жал Лога оваа шанса  ја пропуштил, а сега ќе дојде некој друг на негово место да ги направи реформите.

-За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството, посебно и судството да биде Зајас. Мислам дека лоша локација на „гугл мапс“ нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за првда, експертите, да работи, да соработува. Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе од 600.000 граѓани, коишто на изборите јасно и недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи, изјави Мицкоски. вдј/нд/

Фото: МИА  

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан