• петок, 27 септември 2024

ДИТ по несреќите на двајца работници во Пробиштип: Преземени се мерките за безбедност од страна на рудникот и фабриката за акумулатори

ДИТ по несреќите на двајца работници во Пробиштип: Преземени се мерките за безбедност од страна на рудникот и фабриката за акумулатори

Штип, 12 јуни 2024 (МИА) - Преземени се мерките за безбедност од страна на работодавачите, констатирал трудовиот инспектор по двете несреќи во рудникот за олово и цинк во село Добрево и во фабриката за акумулатори во Пробиштип. Од Државниот трудов инспекторат (ДИТ) за МИА  велат дека  на ден 10.06.2024 година случена е несреќа при работа кај лицето Т. Ј. од Пробиштип, вработен во рудник за подземна експлоатација на руда „Булмак 2016“ ДООЕЛ од Пробиштип.

Повредата се случила при извршување на работни активности на обезбедување на работилиштето, во моментот додека вршеле работна операција - дупчење, дошло до отцепување(одрон) на парче карпа од кровинскиот дел на јамата, која при падот го удира сега повредениот по телото и му нанесува потешки повредиво вид на фрактури, за што повредениот е хоспитализиран на клиника. При увидот во доставената документација, работодавачот ги има превземено мерките за безбедност согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

За несреќата во фабриката за акумулатори, пак, трудовиот инспектор при увидот констатирал дека на ден 11.06.2024 година случена е несреќа при работа кај лицето А. Р. од Пробиштип, кој извршувајки ги своите работни задачи во фабриката за акумулатори ТАБ МАК ДООЕЛ од Пробиштип, при пренос на палета со батерии, со палетар, од една позиција на друга, движејки се наназад невнимателно со десната нога удир во друга палета која била на таа позиција и си нанесува полесна повреда(набиеница) на десно стапало. Во писмениот одговор од ДИТ се вели дека мерките за безбедност од страна на работодавачот се превземени. вдј/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан