• четврток, 20 јуни 2024

Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на песна на градот

Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на песна на градот

Крива Паланка, 12 јуни 2024 (МИА) - Општина Крива Паланка денес го објави конкурсот за избор на официјална песна на градот. Право на учество имаат сите домашни автори, а конкурсот трае до 12 јули годинава.

-Конкурсот за избор на официјална песна го организира општината и ќе трае во период од еден месец. Право на учество имаат сите домашни автори со музички афинитети, кои сакаат да ги истакнат својот квалитет, способност и креативност. Ги повикуваме музичките креативци со свои оригинални композиции, текст или аранжмани да учествуваат на конкурсот и да остават траен белег во времето. Еден автор на музика или текст може да учествува најмногу со две авторски дела, додека, за аранжман, еден автор може да учествува со најмногу три дела. За избраната композиција Општина Крива Паланка ќе направи студиска аудио снимка и видео спот и ќе ја реализира продукцијата на официјалната песна на градот, како организатор на конкурсот, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Организаторот на конкурсот, Општина Крива Паланка ќе биде  сопственик на снимениот фонограм за песната, а за авторските права на избраните автори на текст, музика и аранжман ќе им биде исплатен соодветен надомест.

Краен рок за доставување дела е 12 јули 2024 година, петок, до 15 часот и  30 минути.

Конкурсот е објавен на веб-страницата на општината, https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/38162 , каде се достапни сите детали и услови за учество.ид/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан