• недела, 24 ноември 2024

Средба на претставници на Националното студентско тело со министерката Јаневска

Средба на претставници на Националното студентско тело со министерката Јаневска

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) - Претставници на Националното студентско тело (НСТ) oдржале средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска на која се дебатирале прашања кои се од суштинско значење, поврзани со афирмирање на работата на ова тело, преку подготовка на нов закон за студентско организирање. 

Како што соопштија од Националното студентско тело,  на средбата биле дискутирани мерки за подобрување на студентскиот стандард и квалитетот во високото образование како нов концепт за финансирање на високото образование, воведување на нискокаматни студентски кредити, ограничување на висината на кириите во универзитетските градови.   

Меѓу мерките станало збор и за анализа на мерката „Нашите млади создаваат дома", за подобрување на функционалноста на мерката Субвенциониран студентски оброк, подобрување на условите за студирање во дел студентски стандард за студентите на втор и трет циклус на студии. Потоа за воведување на Закон за младински стандард, со цел подобрување на квалитетот и условите во студентските домови, интернационализација во високото образование и поголема интердисциплинарност во високото образование. 

Подобрување на квалитетот во високото образование, преку еваулација на студиските програми и работата на професорите, целосна дигитализација во високото образование за намалување на корупцијата и воведување на електронски библиотеки на универзитетите.

-Продолжуваме со борбата за подигнување на квалитетот во високото образование и подобрување на студентскиот стандард, посочуваат од Националното студентско тело. вг/лв/

Фото: МИА Архива/НСТ 

Остани поврзан