• недела, 05 јануари 2025

Убиство во Тетово (ДПЛ)

Убиство во Тетово (ДПЛ)

Тетово, 2 јануари 2025 (МИА) -  Во Тетово вечерва околу 18.50 часот во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.

Како што соопшти МВР, С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка.

- По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело „убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н, информираат од МВР.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. аа/лв/

фото.МИА архива 

Остани поврзан