• четврток, 20 јуни 2024

Ќе се прави уште една физибилити студија за јавно-приватно партнерство за паркинг услугите во Тетово

Ќе се прави уште една физибилити студија за јавно-приватно партнерство за паркинг услугите во Тетово

Тетово, 12 јуни 2024 (МИА) - Од дневниот ред на денешната 33-та седница на Советот на Општина Тетово беше тргната 26-тата точка Предлог заклучок за усвојување на физибилити студија за оправданост на доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за давање на услуги на паркирање во Општина Тетово кое се остварува како концесија за јавна услуга.

Според образложението на претседателот на Советот, Бесар Дурмиши, требало да се прави нова студија, иако сегашната беше презентирана во мај 2023 година.

- Се консултиравме со правниците на Општина Тетово и увидовме дека таа е стара физибилити студија и дека треба да се направи нова физибилити студија, да се направи јавна дебата па да се стави на дневен ред, изјави Бесар Дурмиши.

Во мај 2023 година кога во Општина Тетово беше претставена физибилити студија со цел воспоставување јавно приватно партнерство за менаџирање со паркинг услугите во градот, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами уверуваше дека е потребен приватен партнер поради општата негативна финансиска состојба на општината.

Тогаш, на новинарските прашања зошто има потреба за приватен партнер за ЈП „Градски паркинг“ кога самиот Касами рече дека единствено тоа претпријатие работи со позитивно салдо, градоначалникот образложи дека со приватниот партнер општината ќе има уште повеќе придобивки.

- Една придобивка е да се плати комунална такса од 12% од прометот кон општината за користење на јавните површина, која обврска сега Паркинзи не ја плаќа. Исто така, приватниот партнер ќе плаќа и концесискa такса-надоместок. Имаме неколку придобивки и подобрување на услугите кон граѓаните. Се предвидува да се инвестира во софтвер. Нема да има отпуштања на вработени туку ќе има потреба од повеќе работници со зголемување на бројот на паркинзи, рече Касами во мај 2023 година.

Ланската физибилити студијата предвидуваше вложување од приватна компанија од 778.720 евра.ас/са/

Фото: МИА

Остани поврзан