• сабота, 18 мај 2024

Албанија и Франција имаат најголеми проблеми со насилството меѓу малолетници

Албанија и Франција имаат најголеми проблеми со насилството меѓу малолетници

Тирана, 1 февруари 2024 (МИА) - Според извештаите на европско ниво, Албанија и Франција сe земји каде се пријавени најголем број случаи на насилство меѓу децата и тинејџерите, објави Топ чанел.

- Насилството кое подразбира исмејување, навреда, заплашување и слично, стана главна грижа на децата и тинејџерите кај нас. На национално ниво, за првпат по речиси 10 години од постоењето на „I Sigurt.al“, малтретирањето стана настан број 1 и инцидент број 1 пријаван од сите, деца, тинејџери и возрасни, изјавi за телевизијата Алтин Хазиза од Центарот за правата на децата во Албанија.

Според него, потребен е национален план за елиминација на сите форми на насилство, но со главна цел малтретирањето во албанското училиште, бидејќи, додава тој, „во спротивно ќе гледаме дека овие облици на малтретирање подоцна ќе се претворат во убиства или самоубиства“.

- За жал, имаме и такви настани. Последниот случај на малтретирање ученик во 9-годишното училиште „Ал Зеф Плуми“ во Тирана што го обелодени познатата истражувачка емисија „Фикс Фаре“ или случајот со убиството на ученикот во Грамш од негови врсници, по тепачката што започна на интернет. Тие се алармни ѕвона. Нашите училишта се лошо опремени да се справат со малтретирањето, оценува Хазизи.

Поради тоа, смета тој, Министерството за образование мора да ја препознае и прифати оваа појава и да постави механизми во секое одделение и во секое училиште. вт/паг/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан