• среда, 21 август 2024

Љутков: Во фаза сме на преземање на секторот туризам од Министерство за економија, потоа ќе настапиме со програмски активности

Љутков: Во фаза сме на преземање на секторот туризам од Министерство за економија, потоа ќе настапиме со програмски активности

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информираше дека се во фаза на преземање на секторот за туризам од Министерство за економија и, како што рече, се надева дека до новата година ова ќе биде комплетно завршено и ќе настапат со програмски активности за 2025 година.

Како што најави, има законски рок од пет години да го имплементираат туризмот во културата и напомена дека ќе развиваат програми кои ќе придонесат за подобрување на културното наследство.

-Континуираната негрижа најмногу се виде во овие седум години, и се виде како може системот наеднаш да се распадне, поготово во делот на културата. Во наредниот период имаме фаза во законски рок од пет години да го имплементираме туризмот во културата и заедно да развиваме програми, кои што реално ќе придонесат за подобрување на културното наследство, за презентација на културното наследство, за екологијата, за зголемување на туристичките капацитети со подобро мапирање, но и со подобра презентација на целото богатство кое што го имаме, изјави Љутков одговорајќи на новинарско прашање по денешната посета на Музејот на Северна Македонија. бт/нд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан