• среда, 21 август 2024

Градоначалникот и волонтери од Црвен крст делеа промотивни материјали за туристичката понуда на Гевгелија

Градоначалникот и волонтери од Црвен крст делеа промотивни материјали за туристичката понуда на Гевгелија

Гевгелија, 21 август 2024 (МИА) - Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со волонтери на Црвен крст денеска на Граничниот премин Богородица делеа промотивен материјал за туристичката понуда на Општината.

Како што е објавено на општинската веб страница, на транзитните туристи преку директна комуникација им биле поделени флаери и промо-материјали изработени во рамки на платформата за туризам „Gevgelija-spice up the journey“, запознавајќи ги со туристичките потенцијали.

Инаку, акцијата се спроведува во соработка со Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија со цел странските, но и домашните туристи да се запознаат со туристичкиот капацитет на Општината и подолго да се задржат во Гевгелија.рт/са/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан