• петок, 23 август 2024

Општина Крива Паланка ги објави конкурсите за стипендирање талентирани млади ученици и спортисти 

Општина Крива Паланка ги објави конкурсите за стипендирање талентирани млади ученици и спортисти 

Крива Паланка, 21 август 2024  МИА) - Општина Крива Паланка ги објави конкурсите за учебната 2024/25 година за стипендирање и субвенционирање на успешните млади студенти, средношколци и талентирани спортисти. Аплицирањето трае од 25 септември 2024 до 14 октомври 2024.

-Локалната самоуправа на Општина Крива Паланка ја продолжува поддршката за млади: таленти, ученици, спортисти и студенти. Како општина - пријател на младите, ги објавивме конкурсите за учебната 2024/25 за: доделување стипендии за талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти, стипендии на ученици спортисти, во индивидуални и екипни спортови, основци и средношколци и конкурс за субвенциониран превоз на студенти од општината кои студираат на државните универзитети во Скопје, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Сите конкурси со сите информации и податоци околу условите, критериумите и потребните документи се објавени на веб-страницата на Општина Крива Паланка.ид/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан