• среда, 25 декември 2024

Работни активности на јавните претпријатија на Град Скопје на повеќе локации

Работни активности на јавните претпријатија на Град Скопје на повеќе локации

Скопје, 21 август 2024

Теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило утрото го започнаа со собирање отпадоци и смет од јавното зеленило и паркот во населбата Чаир.

https://www.facebook.com/share/p/XEXAa7WzjuiwQfoN/

ЈП Градски Паркинг со  акција за чистење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање- зонско

Во текот на минатата и оваа недела, службите на претпријатието спроведоа акција за чистење на дел од јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува претпријатието.

Со акцијата опфатени беа зоните: Ц19- кај универзална сала, Ц80 и Ц81 кај Градско собрание и ЗОО, Ц33 кај Транспортен Центар и А05- кај Мепсо и зона Д8 Аеродром.

https://www.facebook.com/share/p/5fnuibVJzet3SfQR/

Продолжува ноќното обележување на градските улици и булевари

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, кои ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници изминатите денови активно работат на обележување на хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите во градот.

Активностите се извршуваат по налог и однапред утврдената динамика за обележување од Град Скопје и во текот на ноќните часови.

Хоризонталната сигнализација екипите ја обележуваат рачно и машински, а во текот на изминатиот период обновена е сигнализацијата на следните улици и булевари:

улица Козле, ул.Ченто, булевар Партизански Одреди, бул.Гоце Делчев, ул.11ти Октомври, ул.Димитрие Чуповски, ул.Филип Втори, ул.Тодор Александров, бул.Климент Охридски, бул.Илинден и други.

https://www.facebook.com/share/p/4jvPuuLoehujZvrQ/

Теренски работни активности за одржување на водоводната и канализациона мрежа

Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул.Баница 19, Љуботенски пат, Парк Шума - Гази Баба, бул.3-та Македонска Бригада бб, бул.Македонско Косовска Бригада 10/36.

Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул.Бихаќка- Центар, реон Драчево, бул.АСНОМ- Лисиче, бул. Јане Сандански- Аеродром, ул.Христо Татарчев - Кисела Вода, бул.Александар Македонски- Маџари, ул.Бутелска-Бутел 1, ул.Боца Иванова- Бутел 1.

https://www.facebook.com/share/p/k6QEW5r95mgtLdTy/

Одделение за односи со јавноста на Град Скопје

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан