• четврток, 22 август 2024

Шутаров: Наместо да се препукуваат за хаосот во Скопје, Мицкоски и Арсовска да се фатат за работа

Шутаров: Наместо да се препукуваат за хаосот во Скопје, Мицкоски и Арсовска да се фатат за работа

Скопје, 21 август 2024

Советничката група на СДСМ во Советот на Град како опозиција секогаш делувала исклучиво во интересите на граѓаните на Град Скопје. 

Во овие нецели 3 години локална власт на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ нашите ставови сме ги кажувале јасно,гласно,недвосмислено, транспарентно и секогаш сме имале аргументи и став зошто определени одлуки во Советот на Град Скопје сме ги поддржале, а исто така и зошто за определени одлуки не сме дале наша поддршка.

Советот на Градот Скопје го сочинуваат 45 членови избрани на фер,демократски и непосредни локални избори во 2021 година, претставени во 8 советнички групи, кои на изборите застапувале свои програми, идеи и проекти. 

Несериозни се изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од страна на сите 45 советници.Арсовска не може советниците на СДСМ и останатите советнички групи да ги става во исти кош со советниците на ДПМНЕ со кои заедно во 2021 година ја промовираа програмата "За Модерно Скопје, брзо и сигурно". Ниту модерно ниту брзо а најмногу од се нај несигурно.

За жал, сведоци сме дека продолжува препукувањето на релација ДПМНЕ и Арсовска. Меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој е виновен за колапсот во Градот Скопје.

Наместо да земат да работат, оние кои го уништија Скопје меѓусебно се препукуваат врз грбот на скопјани кој бил крив.

Ова неодговорно однесување е потценување на интелигенцијата на граѓаните, на скопјани.

Затоа СДСМ како опозиција во Советот на Град Скопје ќе продолжи да делува конструктивно и секогаш ќе ги поддржува проектите кои се во интерес на скопјани. СДСМ нема да блокира и нема да прави дневна политика од тоа затоа што за СДСМ скопјани се на прво место.

Заглавени се бројни значајни проекти, Скопје уназадува. Негласањето за НИШТО и Блокадите на советниците на ДПМНЕ, и меѓусебните опструкции прават огромна штета на граѓаните на Скопје.

Упатуваме искрен и добронамерен апел, ДПМНЕ и Асровска да ги прекинат препукувањата и да земат да работат, колку-толку, за конечно нешто во Скопје да се направи.

Наместо дневно препукување да кажат кои капитални проекти ќе ги поддржат, кои програми ќе се изгласаат и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори барем малку ја поправат состојбата во Скопје.

Недозволиво е Скопје и скопјани да бидат жртви на нивните политички хирови и бизнис интереси.


Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото принтскрин СДСМ

Остани поврзан