• четврток, 25 јули 2024

Хамас потпиша договор со Фатах во Кина, повика на „национално единство“

Хамас потпиша договор со Фатах во Кина, повика на „национално единство“

Пекинг, 23 јули 2024 (МИА) - Високиот функционер на Хамас, Муса Абу Марзук, денеска објави дека неговата милитантна организација потпишала договор со други палестински групи, вклучително и ривалите Фатах додека бил во посета на Кина.

-Денеска потпишуваме договор за национално единство и велиме дека патот до завршување на ова патување е национално единство. Ние сме посветени на национално единство и повикуваме на тоа, наласи Абу Марзук.

Лидерите на Фатах и ​​Хамас, како што претходно беше соопштено, утрово ќе се сретнат со медиумите во Пекинг, а ќе присуствува и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји. На состанокот ќе бидат претставени вкупно 14 палестински фракции, објави кинескиот информативен канал CGTN на социјалните мрежи.

Палестинските фракции одржаа дијалог за помирување во кинескиот главен град на 21-23 јули.

Палестинските фракции на состанокот во Пекинг постигнаа договор за формирање влада на единство со цел формирање палестинска држава и ставање крај на окупацијата, пренесоа синоќа палестинските медиуми.

Во соопштението објавено на крајот од вчерашниот состанок, претставниците на различните фракции се согласија да формираат привремена влада на национално единство и да ги обединат институциите на Западниот брег и Газа, да започнат со реконструкција на Појасот Газа и да се подготват за одржување на општи избори што е можно поскоро. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан