• петок, 26 јули 2024

Трамп: Обраќањето на Бајден беше „едвај разбирливо“ и „многу лошо“

Трамп: Обраќањето на Бајден беше „едвај разбирливо“ и „многу лошо“

Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) – Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп, обраќањето на актуелниот претседател на САД, Џо Бајден го оцени како „едвај разбирливо“ и „многу лошо“.

Говорот на корумпираниот Џо Бајден во Овалната соба беше едвај разбирлив и многу лош, напиша Трамп на социјалната мрежа „Тру сошл“ (Truth Social).

Тој исто така наведе дека „корумпираниот Џо“ и „лажливата Камала (Харис)“ се срам за Америка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан