• петок, 26 јули 2024

Нетанјаху и Бајден на средба со семејствата на американските заложници кои ги држи Хамас

Нетанјаху и Бајден на средба со семејствата на американските заложници кои ги држи Хамас

Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) – Семејствата на американските заложници кои ги држи Хамас во моментов се на средба со американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти Белата куќа.

Бајден и Нетанјаху се на средба со своите тимови уште од 13 часот по локално време.

Семејствата на заложниците кои учествуваат на средбата се родителите на Едан Александар, родителите на Итај Чен, родителите на Омер Неутра, родителите на Сагуи Декел-Чен, тетката на поранешната заложничка Абигејл Мор Едан, сопругата и ќерката на Кит Сигел и родителите на Херш Голдберг-Полин, јави Тајмс оф Израел. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан