• петок, 26 јули 2024

Тројца загинати и стотици повредени откако тајфунот Гаеми го погоди Тајван

Тројца загинати и стотици повредени откако тајфунот Гаеми го погоди Тајван

Тајпеј, 25 јули 2024 (МИА) - Тајфунот Гаеми усмрти три лица во Тајван, а властите ја продолжуваа потрагата по деветте членови од екипажот на вчера потонатиот брод во близина на јужниот брег на островот.

При налетот на тајфунот стотици луѓе се повредени. Поради Гаеми и денеска училиштата и институциите ќе бидат затворени. Над 8.000 луѓе се евакуирани, а околу 200 летови се откажани.

Тајфунот Гаеми се очекува денеска да ја погоди кинеската провинција Фуџијан.

Додека во главниот град на Филипини, Манила поради тајфунот вчера е прогласена вонредна состојба. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан