• четврток, 25 јули 2024

Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во Њујорк

Девет лица се повредени во пожарот што изби на аеродромот ЏФК во Њујорк

Вашингтон, 25 јули 2024 (МИА) – Неколку луѓе се хоспитализирани откако вчера изби пожар на подвижните скали на меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди (ЏФК) во Њујорк, соопштија американските власти.

„Еј-би-си њуз“ (ABC News) јави дека при мал пожар на ескалаторите на терминалот осум на аеродромот девет лица се здобиле со полесни повреди поради вдишување чад, од кои четворица се хоспитализирани. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан