• среда, 21 август 2024

Тајван спроведе вежба за истрелување проектили

Тајван спроведе вежба за истрелување проектили

Тајпеј, 20 август 2024 (МИА) – Тајван денеска спроведе вежба за истрелување проектили поради речиси секојдневно вознемирување од кинески воени авиони и бродови, јави државната Централна новинска агенција (ЦНА).

Годишната голема воена вежба, наречена вежба за прецизно истрелување на проектили од воздух и море, беше спроведена рано утрово во базата Џиупенг во округот Пингтунг во јужниот дел на Тајван, соопшти ЦНА.

Таа има за цел да ја одврати Народноослободителната армија (ПЛА) и да ја покаже способноста на Тајван да ја брани својата поморска територија и да ја заштити татковината, јави ЦНА.

За време на вежбата беа лансирани две ракети земја-воздух Патриот 2 од американско производство и антибалистичка ракета земја-воздух од тајванско производство Sky Bow III. Сите прецизно ги погодија целните беспилотни летала.

Ова беше прва вежба за прецизно истрелување проектили откако претседателот Лаи Чинг-те ја презеде функцијата во мај, потсетува ЦНА. јт/

Фото: Јутјуб скриншот

Остани поврзан