• петок, 23 август 2024

Две лица загинаа, едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост

Две лица загинаа, едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост

Сански Мост, 21 август 2024 (МИА) – Две лица се убиени и едно е тешко повредено во пукање во гимназија во Сански Мост според првичните информации на босански медиуми.

Како што потврдуваат од МВР на БиХ, вработен во локалната гимназија пукал во директорот, секретарката и професор во тоа училиште.

Сански Мост се наоѓа на 360 км северно од Сараево. зш/

Остани поврзан