• петок, 26 јули 2024

Страхиња Павловиќ пред портите на „Сан сиро“

Страхиња Павловиќ пред портите на „Сан сиро“

Милано, 25 јули 2024 (МИА) - Милан е блиску до потписот на српскиот централен бек Страхиња Павловиќ, а трансферот ќе биде финализиран во следните 48 часа, тврди весникот „Газета дело спорт“.

„Росонерите“ одамна ги утврди личните услови со репрезентативецот на Србија, а клубот речиси постигна договор и со Салцбург каде настапува фудбалерот. Се очекува трансферот на Павловиќ да биде околу 20 милиони евра.

Ова ќе биде втор трансфер на новиот тренер на Милан, Пауло Фонсека по потписот на капитенот на шпанската репрезентација - Алваро Мората.

Павловиќ е централен дефанзивец, висок 194 сантиметри, кој игра со левата нога, тип на играч кој претходно недостасуваше во тимот на Милан. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан