• понеделник, 23 декември 2024

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл

Париз, 25 јули 2024 (МИА) - Надалеку одекна веста дека можеме да гледаме дерби во второто коло на Олимписките игри - Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, уште еднаш како во старите добри времиња. Сепак, сега тој дуел не е сосема извесен бидејќи и пред двајца тенисери да го минат првото коло, еден од нив може да не се појави на теренот.

За да се случи дуелот меѓу титаните, Ѓоковиќ ќе треба да ги помине Ебден од Австралија, а Надал Фучовиќ од Унгарија. Сепак, според шпанскиот „Релево“, Рафа Надал може да се повлече од сингл конкуренцијата бидејќи боледува од повреда на препоните.

-Сакаме да видиме во следните 48 часа како ќе напредува и како ќе закрепне. Ако се биде нормално и ако биде добро, тој ќе игра во сабота, изјави тренерот на Рафа Надал, Карлос Моја.

Сомнежите за подготвеноста на Надал почнаа уште во вторникот кога тој неколкупати изјави дека му е потребен одмор за време на тренингот на теренот „Филип Шатрије“. Тој се пожали и на состојбата со раката. Денеска тој го откажа тренингот и тоа дополнително ги подгреа сомнежите. Надал имаше напорна недела во шведски Бастад каде го загуби финалето.

Се очекува Надал да биде сигурен на теренот за двојки, каде што најверојатно ќе има помалку напор и каде што има големи надежи бидејќи игра со светскиот рекет број три, Карлос Алкараз. дс

Фото: Архива

Остани поврзан