• среда, 27 ноември 2024

Алварез не сака да биде резерва: Аргентинецот сака да го напушти Манчестер Сити

Алварез не сака да биде резерва: Аргентинецот сака да го напушти Манчестер Сити

Манчестер, 25 јули 2024 (МИА) - Аргентинскиот фудбалер Хулијан Алварез изразил желба да го напушти Манчестер Сити ова лето, пренесуваат англиските медиуми.

Алварез во Манчестер пристигна во јуни 2022 година, а „граѓаните“ официјално го купија од Ривер Плата за 21 милион евра во јануари истата година.

По солидна дебитантска сезона каде постигна 17 гола во сите натпреварувања, пружи уште подобри игри во сезоната 2023/24. Алварез ја искористи шансата која се појави кога Ерлинг Халанд се повреди и постигна 19 гола со 13 асистенции во сите натпреварувања.

Сепак, веднаш штом Халанд се опорави, Алварез се пресели на клупата. Аргентинецот во јануари наполни 24 години и нема намера да биде резерва во овој период од кариерата, особено кога покажа дека е доволно зрел за да биде прв напаѓач на тимот.

Не се знае каде би можел да заврши Алварез, но медиумите од Островите пренесуваат дека Манчестер Сити му одредил цена. Секој заинтересиран за аргентинскиот напаѓач би морал да издвои минимум 60 милиони фунти.

Ќе видиме кој од клубовите ќе биде подготвен да плати толку, а она што е интересно е дека и Алварез е заинтересиран да ја напушти Премиер лигата во случај на добра понуда. дс

Фото: Архива

Остани поврзан