• понеделник, 19 август 2024

Ставен под контрола шумскиот пожар во близина на грчкиот град Литохоро (ДПЛ)

Ставен под контрола шумскиот пожар во близина на грчкиот град Литохоро (ДПЛ)

Атина, 18 август 2024 (МИА) – Под контрола е ставен шумскиот пожар што избувна во близина на грчкиот град Литохоро во областа Пиериа, а огнената стихија предизвика материјална штета на една куќа, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходно, преку бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните што се наоѓаат во местото Плака да се евакуираат кон Катерини и Лептокарија

Градоначалникот на општина Диос-Олмпос, Вангелис Геролиолиос преку социјалните мрежи истакна дека денешниот пожар беше најопасниот за летово во конкретниот регион, поради силниот ветер беа во опасност домови и штета претрпе една викендичка, а со брзата интервенција на противпожарната служба со копнени и воздушни средства, огнената стихија беше ставена под контрола.

Тој дополнително посочи дека на терен остануваат противпожарните сили за справување со евентуални разгорувања.

Во гаснењето на огнот интервенираа 18 пожарникари со седум возила, два авиони и еден хеликоптер, а помагаа и цистерни од општините.

Од грчката железница, веднаш по избувнувањето на пожарот информираа дека привремено е во прекин железничкиот сообраќај во конкретниот регион. ср/ми/

Фото: Фејсбук на градоначалник на општина Диос-Олмпос

Остани поврзан