• среда, 21 август 2024

Никарагва забрани уште 1.500 невладини организации

Никарагва забрани уште 1.500 невладини организации

Манагва, 19 август 2024 (МИА) – Владата на Никарагва прогласи за нелегални 1.500 невладини организации, што е уште една акција против граѓанските организации кои претседателот Даниел Ортега ги смета за непријателски.

Забраната, објавена во државниот весник на Никарагва, вклучува запленување на имотот на овие организации, од кои повеќето се религиозни.

- Не ги исполнија своите обврски, се вели во решението на Министерството за внатрешни работи објавено во државниот весник. Се тврди дека овие организации не успеале да објават повеќе финансиски податоци, вклучително и донации.

Репресијата на Ортега врз граѓанското општество, како и врз Католичката црква, се интензивираа по антивладините протести што почнаа во 2018 година. Властите забранија повеќе од 5.000 здруженија на граѓанското општество, приватни универзитети и медиуми.

Во тоа време, владата исто така ги забрани опозициските политички партии, а опозициските активисти ги затвора или протерува во странство. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан