• петок, 20 декември 2024

Талибанците забранија влез во Авганистан на специјалниот известувач на ОН за човекови права

Талибанците забранија влез во Авганистан на специјалниот известувач на ОН за човекови права

Кабул, 21 август 2024 (МИА) - Специјалниот известувач за човекови права во Авганистан Ричард Бенет не доби дозвола за влез во земјата, соопштија денеска дипломатски извори, пренесува Бета.

„Бенет пред неколку месеци беше информиран дека нема овластување да патува во Авганистан“, рекоа дипломатски извори откако авганистанските медиуми ја објавија забраната, повикувајќи се на портпаролот на авганистанската влада.

Според локалните медиуми, портпаролот на талибанската влада, Забихулах Муџахид, изјави дека на Бенет му е забранет влез во земјата „затоа што е назначен да шири пропаганда“, додавајќи дека тој не е некој на кого талибанците можат да му веруваат.

Од враќањето на власт во август 2021 година, талибанците систематски ги отфрлаа критиките на ОН и меѓународната заедница за нивната политика, базирана на строго толкување на шеријатскиот закон. Жените, кои се исклучени од образованието и јавниот живот, се цел на она што ОН го опишуваат како „родов апартхејд“.

Специјалните известувачи, како Бенет, се независни експерти назначени од Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева. ссм/

фото: архива

Остани поврзан