• среда, 21 август 2024

Пропалестинските демонстранти се судрија со полицијата пред израелскиот конзулат во Чикаго

Пропалестинските демонстранти се судрија со полицијата пред израелскиот конзулат во Чикаго

Чикаго, 21 август 2024 (МИА) - Демонстранти беа уапсени синоќа во судирите меѓу полицијата и учесниците на пропалестински марш пред израелскиот конзулат во Чикаго. Тоа се случи на втората вечер од Демократската национална конвенција, што се одржува во тој американски град.

Судирите избија откако демонстрантите се обидоа да стигнат до облакодерот во кој се наоѓа дипломатската мисија. Тие извикуваа слогани пред зградата и се обидоа да пробијат полициски кордон што ја опкружуваше, поради што полицијата употреби сила против демонстрантите.

Некои од демонстрантите го запалија американското знаме на улица. Други носеа палестински знамиња, а многу од демонстрантите беа облечени во црно и носеа маски.

Протестната акција се одржа на околу 3 километри од местото каде што се одржа свечената церемонија за потврдување на претседателската номинација на Камала Харис. зш/

Остани поврзан