• петок, 23 август 2024

Радиќ ја потврди кандидатурата за претседател на Татковинското движење, ќе има дуел со актуелниот лидер Иван Пенава

Радиќ ја потврди кандидатурата за претседател на Татковинското движење, ќе има дуел со актуелниот лидер Иван Пенава

Загреб, 21 август 2024 (МИА) - Заменик-претседателот на хрватското десничарско Татковинско движење, Марио Радиќ по многу шпекулации денеска потврди дека ќе се кандидира за шеф на таа партија на внатрепартиските избори на крајот на август.

Тој ќе застане на линија со актуелниот претседател на Движењето Татковина и градоначалник на Вуковар, Иван Пенава, поранешен член на ХДЗ, кој вчера на прес-конференција ја потврди својата кандидатура за уште еден мандат.

Пенава тогаш рече дека не верува оти Радиќ ќе се кандидира бидејќи одбил министерска функција во актуелната влада.

Инаку, Радиќ во поголемиот дел од хрватската јавност веќе го гледа како „играч во сенка“. рп/

Фото: Индекс

Остани поврзан