• петок, 23 август 2024

Русија: Потопен е брод што превезувал гориво

Русија: Потопен е брод што превезувал гориво

Краснодар, 22 август 2024 (МИА) – Пожар денеска избувна во пристаништето Кавказ во јужна Русија, откако Украина гаѓаше брод што превезувал гориво, соопштија локалните власти.

Бродот претрпел големи оштетувања и на крајот потонал, а на местото е испратен и воз за гасење пожари, пренесе Бета повикувајќи се на Радио Слободна Европа.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 луѓе.

Локалните власти го осудија нападот. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан