Турција испорача хуманитарна помош за Либан вредна над три милиони долари
- Помошта содржи 38 контејнери со кревети, ќебиња, перници, шатори, готова храна и облека.
Анкара, 21 април 2026 (МИА) – Турција испорача пратка од 360 тони хуманитарна помощ за Либан. Помошта вредна над три милиони долари вчера пристигнала во пристаништето во Бејрут, а содржи 38 контејнери со кревети, ќебиња, перници, шатори, готова храна и облека.
При приемот на помошта во Бејрут, министерот за административни реформи на Либан, Фади Маки, изјави дека таа пристигнува во „критичен момент“.
Турскиот амбасадор во Либан, Мурат Љутем, изјави дека од ескалацијата на израелските напади Турција има испорачано над 1700 тони хуманитарна помош за Либан.
Тој додаде дека повеќе од милион Либанци, или околу секој петти жител, биле принудени да ги напуштат своите домови.
Според официјалните податоци од Бејрут, од 2 март во Либан се убиени 2294 лица, а 7544 се повредени како резултат на израелските напади. Обединетите нации соопштија дека од почетокот на март во Либан се убиени најмалку 177 деца, а над 350 илјади луѓе останале без покрив над главата. аб/јт
фото/МИА архива