• петок, 23 август 2024

Одбиена жалбата за апсењето на поранешниот руски заменик-министер за одбрана Дмитриј Булгаков

Одбиена жалбата за апсењето на поранешниот руски заменик-министер за одбрана Дмитриј Булгаков

Москва, 21 август 2024 (МИА) - На поранешен функционер во руското Министерство за одбрана му беше одредена мерка притвор поради обвиненија за корупција, откако судот ја одби жалбата против неговото апсење, јавија денеска руските државни медиуми.

Поранешниот заменик-министер за одбрана, генерал Дмитриј Булгаков, беше приведен во Москва минатиот месец, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.

„Судот ја разгледа жалбата на одбраната на Булгаков и одлучи да не ја прифати, туку да ја задржи првостепената одлука“, објави руска државна новинска агенција, повикувајќи се на одлуката на судијата.

Булгаков е обвинет за проневера. Тој, наводно, го надгледувал создавањето на систем за снабдување на руските војници со неквалитетна храна по превисоки цени.

Доколку биде прогласен за виновен, на Булгаков му се заканува казна затвор до 10 години. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан