• понеделник, 16 декември 2024

Камповите за мигранти во Албанија ќе бидат отворени на први септември, утре технички прием

Камповите за мигранти во Албанија ќе бидат отворени на први септември, утре технички прием

Тирана, 19 август 2024 (МИА) - Во текот на утрешниот ден ќе се изврши технички прием на објектите пред отворањето на камповите за прием на африкански имигранти во албанското пристаниште Шенѓин и во Ѓадр.


- доколку се е во ред центрите треба да добијат зелено светло за официјален прием на мигрантите кои од 1 септември ќе бидат спасени од италијанските власти во водите на Медитеранот и сместувани тука. Се очекува околу 500 лица да бидат распоредени во Шенѓин за да се подготват да го пречекаат пристигнувањето на првите мигранти, објавија албанските медиуми.

Поголемиот број од вработените ќе бидат Италијанци. 

- Внатрешната регулатива на италијанските власти објавена за вработените во центарот содржи вкупно 14 уредби, за однесувањето или односот што треба да го имаат со локалното население за време на нивниот престој или интеракција поради работа, додаваат медиумите.

Мигрантите ќе пристигнуваат во пристаништето Шнѓин, каде што е поставен прифатниот центар, а во Ѓадр е изграден  камп каде што ќе останат додека не се разгледаат барањата за азил од италијанските власти.

На покана на италијанското министерство за внатрешни работи, Агенцијата за бегалци на Обединетите нации ќе има своја мисиј, со мандат од три месеци  која ќе го следи почитувањето на човековите права во камповите.

Планот предвидува мигрантите кои се обиделе да преминат со брод во Италија, а италијанските власти ги пресретнале во Медитеранот, да бидат однесени во центрите во Албанија.

Петгодишниот договор за прием на мигранти, со можност за обновување, италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзиниот албански колега Еди Рама, го потпишаа во Рим на почетокот на ноември минатата година. Предвидува сместување во Албанија на 3.000 мигранти месечно собрани од италијанската крајбрежна стража во меѓународните води.

Бидејќи е потребно околу еден месец за обработка на секое барање, бројот испратен во Албанија може да достигне 36 илјади во една календарска година. Италија се согласи да ги прими оние на кои им е одобрен азил. Оние чии барања ќе бидат одбиени ќе се соочат со депортација директно од Албанија.

Двата центри во Албанија ќе ја чинат Италија 670 милиони евра во следните пет години.

Центрите најпрво беше најавено дека ќе профункционираат во мај, потоа во август , но " поради незавршени работи во кампот за сместување во поранешната албанска воена база Ѓадр" тие не беа ставени во функција. вт/

Фото: принтскрин/Рама ФБ

Остани поврзан