• среда, 27 ноември 2024

Уапсени две лица со алати за провала во подрачјата зафатени од пожарите во североисточниот дел на областа Атика

Уапсени две лица со алати за провала во подрачјата зафатени од пожарите во североисточниот дел на областа Атика

Атина, 19 август 2024 (МИА) – Во рамките на патролите и зголемените мерки за безбедност во подрачјата зафатени со минатонеделниот пожар во североисточниот дел на областа Атика, грчката полиција уапсила две лица, кај кои биле пронајдени алати за провала и веројатно нивната намера била кражби од оштетените објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените, на возраст од 35 и 23 години, се превезувале со автомобил во една од населбите зафатени од пожарот, а откако биле оценети како сомнителни и бил извршена проверка на возилото, биле пронајдени и одземени помала количина дрога, како и радиостаница, шрафцигер, копач и импровизирана дрвена палка.

Едниот од уапсените веќе има криминално досие и во минатото издржувал и затворски казни за разбојништва, кражби и поседување дрога.

- Патролите во подрачјата погодени од неодамнешните пожари ќе продолжат со спроведување на превентивни и репресивни активности за спречување на незаконски дејствија како и обезбедување на целата потребна помош и поддршка на жителите, соопштија од грчката полиција.

Во петокот беа приведени околу десет лица, а едно беше уапсено за кражби во оштетените објекти од пожарот а тогаш државната телевизија ЕРТ објави дека станува збор за Роми. ср/

Фото: Грчка полиција

Остани поврзан