СПАК бара апсење на пратеник од ПС, за корупција, перење пари и злоупотреба да службената положба
- Албанското специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК побара апсење на социјалистичкиот пратеник Алќи Блако за корупција, перење пари и злоупотреба на службената
Тирана, 30 март 2022 (МИА) – Албанското специјално јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК побара апсење на социјалистичкиот пратеник Алќи Блако за корупција, перење пари и злоупотреба на службената положба во врска со горилниците на отпад во Фиер.
За таа цел доставено е барање до законодавниот дом за одземање на пратеничкиот имунитет, а во меѓувреме Блако соопшти преку социјалните мрежи дека ќе се откаже од мандатот со цел невиноста да ја докаже како обичен граѓанин.
Блако делото за кое го товари СПАК го направил кога бил на функцијата државен секретар на министерството за животна средна, во соработка со Лефтер Кока, тогашен министер во истото министерство, кој веќе е во притвор.
Претседателката на парламентот Линдита Никола за попладне во 18 часот ја свика комисијата за мандатно имунтетни прашања, по што за одземање на мандатот треба да гласа парламентот.
Координаторот на пратеничката група на социјалистите, Таулант Бала, кусо коментираше дека Блако веќе „има затворени сметки со партијата“ и оти е сам пред лицето на правдата.
Опозицијата пак, која и пријави до СПАК неправилности околу тендерите за избор на фирма за горење отпад, најавата за апсење на Блако не е никаква вест, затоа што на „чело на корупцијата во земјата е Еди Рама“. вт/аа/