• петок, 22 ноември 2024

Властите во САД го утврдуваат потеклото на расистичките смс пораки за „робови“ и „собирачи на памук“ испратени веднаш по изборите

Властите во САД го утврдуваат потеклото на расистичките смс пораки за „робови“ и „собирачи на памук“ испратени веднаш по изборите

 
Вашингтон, 8 ноембри 2024 (МИА) Властите во САД истражуваат кој ги испратил расистичките смс пораки што Афроамериканци и други црномурести од целата земја ги добиваа на своите телефони во средата, ден по претседателските изборите.
Такви пораки биле испратени во најмалку 20 сојузни држави вклучително и Калифорнија, Алабама, Северна Каролина, Вирџинија, Пенсилванија и Њујорк, на црномурести жени, мажи и студенти кои пријавиле во полицијата.

Националната асоцијација за унапредување на црномурестиот народ (НААЦП) излезе со сопштение по повод овој немил настан.
-Пред нашите очи се одигрува несреќната реалност на избор на Претседател кој историски ја прифати и понекогаш ја охрабруваше омразата, Овие пораки укажуваат на алармантно зголемената злобна и одвратна реторика на расистичи групи низ целата земја, кои сега се охрабрени да шират омраза и да ги разгоруваат пламењата на стравот кои многу од нас ги чувствуваат по изборните резултати во вторникот, соопшти синоќа Дерик Џонсон, претседател на НААЦП.

Керолин Левит, портпаролка на кампањата на избраниот претседател Доналд Трамп, за „Си-Ен-Ен“ изјави дека немаат „апсолутно никаква врска со овие смс пораки“.
Мобилниот оператор изјави дека веднаш го прекинал испраќањето, а настанот го истражуваат и јавниот обвинител на Њујорк и Федералното биро за истраги, кои работат на тоа да се утврди од каде потекнуваат овие расистички пораки. кб/

Остани поврзан