• вторник, 24 декември 2024

Усвоена е декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност

Усвоена е декларацијата од Будимпешта за новиот европски договор за конкурентност

Будимпешта, 8 ноември 2024 (МИА) - Лидерите на Европската унија ја усвоија Будимпештанската декларација за новиот европски договор за конкурентност, во која се нагласува потребата од итно и одлучно дејствување за да се постигнат зацртаните цели.

„Соочени со нови геополитички реалности и економски и демографски предизвици, ние, лидерите на Европската унија, сме решени да го обезбедиме нашиот заеднички економски просперитет, да ја зголемиме нашата конкурентност, правејќи ја ЕУ првиот климатски неутрален континент во светот и обезбедувајќи го суверенитетот, безбедноста, издржливоста и глобалното влијание на ЕУ“, се нагласува во текстот на декларацијата.

Како што е наведено, европските политичари сакаат да ја направат Европската унија поконкурентна, продуктивна, иновативна и одржлива. зш/

Остани поврзан