• вторник, 20 август 2024

Со архијерејска литургија прославен празникот Преображение Христово во Гостивар

Со архијерејска литургија прославен празникот Преображение Христово во Гостивар

Гостивар, 19 август 2024 (МИА) – Со првата архијерејска литургија во манастирот во гостиварската населба Циглана започна празнувањето на православниот празник Преображение Христово. На прославата претпладнево се придружи и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во чест на празникот, утрово митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф со свештенослужители ја отслужи првата архијерејска литургија во манастирот чија изградба почна пред десет години.

Заради празнувањето, во Гостивар имаше едноцрковие и владиката Јосиф во храмот „Преображение Христово“ го изврши и чинот на благословување на лозовиот плод-грозјето и кумските лебови.

На покана од иницијативниот одбор за изградба на манастирот во гостиварската населба Циглана се одзва и премиерот Христијан Мицкоски. Тој беше дел од црковно-народниот собир, кој традиционално се организира во манастирскиот двор.

Во предвечерието на празникот, синоќа беше организирана музичка вечер настапи на естрадни ѕвезди, која беше масовно посетена од гостиварци.згм/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан