• среда, 21 август 2024

Луда Мара излеана, блокирани улици од паднати дрвја од невремето во Кавадарци 

Луда Мара излеана, блокирани улици од паднати дрвја од невремето во Кавадарци 

Кавадарци, 20 август 2024 (МИА) - Реката Луда Мара е излеана на некои места, блокирани се улици од паднати дрвја од невремето попладнево во Кавадарци.  

- По обилното невреме што го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, настанати се последици од ова кратко, но силно невреме, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. 

Тој напиша дека се апелира до граѓаните, да останат во своите домови, затоа што некои улици се блокирани од паднати дрвја, а на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме. 

- На терен се службите на ЈП Комуналец како и ТППЕ Кавадарци. Исто така се апелира до граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300, појасни Јанчев. сд/аа/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан