• среда, 21 август 2024

По пауза од две години фудбалскиот клуб ,,Брегалница 1926 Делчево" ги започна подготовките за новата сезона во Третата фудбалска лига Исток

По пауза од две години фудбалскиот клуб ,,Брегалница 1926 Делчево

Делчево, 20 август 2024 (МИА) - По пауза од две години, фудбалскиот клуб ,,Брегалница 1926 Делчево" се враќа во Третата фудбалска лига Исток. За таа цел под водство на тренерот Даниел Гоцевски започнаа тренинзите кои за почеток се одвиваат на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев" во Делчево.

-Клубот започна со подготовките за новата сезона. До 15 септември, за кога е најавен стартот во ова натпреварување, имаме скоро еден месец да се подготвиме.  Полека се комплетира екипата за пријателскиот натпревар со екипа од соседна Бугарија, информира Гоцевски.

Додаде дека е обезбедена потребната опрема и скоро сите услови се исполнети за успешен почеток на сезоната. 

-Апелирам до фирмите кои досега не се дел од мозаикот на фирми кои помогнаа екипата да биде спремна за да настапи во Третата лига тоа да го сторат што поскоро и да помогне кој со што може. Исто така апел и до нашите сограѓани да донираат на платформата за донации отворена на социјалните мрежи, додаде Гоцевски.

Во име на целата екипа на ФК ,,Брегалница 1926 Делчево" се заблагодари за досегашната поддршка од општествено одговорните компании кои дадоа првична помош, со цел екипата да се врне инаку каде и е местата. вс/сст/


Фото: МИА

 

Остани поврзан