Гасперини нема да го продолжи договорот со Аталанта
- Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини нема намера да го продолжи договорот со италијанскиот тим.

Бергамо, 22 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини нема намера да го продолжи договорот со италијанскиот тим.
Договорот на 67-годишниот специјалист со клубот од Бергамо е до летото 2026 година. Сепак, Гасперини не исклучи дека би можел да ја напушти Аталанта по крајот од актуелната сезона.
- Сè има почеток и крај. На крајот на сезоната ќе видиме дали ќе го доработам договорот или ќе го раскинеме. Нема да има понатамошно продолжување, ги цитира „Corriere della Sera“ зборовите на тренерот.
Во Аталанта Гасперини е од 2016 година. Под негово водство, тимот три пати освои 3. место во Серија А, а ја освои и Лигата на Европа во сезоната 2023/24.
Гасперини двапати беше признат за тренер на годината во италијанскиот шампионат - во 2019 и 2020 година. зс/
Фото: ЕПА