• недела, 23 февруари 2025

Алкалоид го потврди пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп

Алкалоид го потврди пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) – Ракометарите на Алкалоид обезбедија пласман помеѓу осумте најдобри екипи сезонава во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот тим вечерва во салата „Автокоманда“ во Скопје забележаа уште една убедлива победа над италијански Бриксен. Конечниот резултат е 38:31.

Најефикасни во победничкиот тим беа Александар Петковски со осум и Марко Митев со седум погодоци.  

На првиот меѓусебен дуел во Италија, Алкалоид славеше со 12 голови разлика (44:32).

На избраниците на тренерот Кирил Лазаров веќе в понеделник им претстои дербито во македонското првенство. Алкалоид од лидерската позиција на табелата гостува во Битола кај бранителот на шампионскиот трофеј, Еурофарм Пелистер. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан