• среда, 21 август 2024

Дамева: Судската и извршната власт треба да се гледаат како соработници, граѓаните заслужуваат да имаат правда

Дамева:  Судската и извршната власт треба да се гледаат како соработници, граѓаните заслужуваат да имаат правда

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Судската и извршната власт не треба да се гледаат како соперници, туку напротив треба да се гледаат како соработници затоа што таа институционална меѓусебна соработка е многу важна за наредните чекори, наредните резултати се со цел враќање на довербата кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат, а ние сме доследни да обезбедиме неселективна правда во државата, а тоа може да се спроведе исклучиво со меѓуинституционална соработка со цел детектирање на слабости во одредени институции, а потоа нивно преземање во рамки на своите надлежности.

Ова денеска  го изјави претседателката на Судскиот совет Весна Дамева по средбата во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

Според Дамева, средбата била иницирана од Судскиот совет во врска со јавниот повик од премиерот Мицкоски за, како што рече, да дадеме  конструктивни предлози во однос на функционирањето на судството и враќање на довербата кај граѓаните.

- Целосната имплементација на препораките нотирани во Извештајот на Оценската мисија зависи и од заложбите кои сите ние ги имаме. Судскиот совет веќе ги имплементира тие препораки и како главен патоказ за Судскиот совет се препораките ноторани во Извештајот на Оценската мисија и сметам дека тие треба да бидат во насока на успешно спроведување на реформскиот процес, рече Дамева.

Таа изрази надеж дека дека денешната средба е првиот чекор кон унапредување на оние, како што рече, детектирани слабости во судството и длабоко сум убедена дека понатаму таа соработка ќе вроди со плод, со успешни резултати врз основа на спроведени активности. 

- Граѓаните заслужуваат да имаат правда, нагласи Дамева. 

Претседателката на Судскиот совет не одговори на новинарските прашања за денешната средба и ги повика медиумите во Судскиот совет, каде, како што рече, ќе ги добијат сите одговори. мд/

Фото: Влада 

 

 

Остани поврзан