• недела, 21 јули 2024

Светско јуниорско првенство во шах: Антон Златков најдобар македонски претставник

Светско јуниорско првенство во шах: Антон Златков најдобар македонски претставник

Монтесилвано, 25 ноември 2023 (МИА) – Со натпреварите од последното 11 коло синоќа во италијанскиот град Монтесилвано заврши Светското шаховско поединечно првенство за јуниори во возрасни категории до 14, 16 и до 18 години.

Од осумте македонски натпреварувачи во машка и женска конкуренција, најдобар пласман оствари Антон Златков со шест бодови на 48 место на турнирот до 16 години.

Инџи Ајрадиноска (до 18) го освои 54 место со пет бодови, Теодор Јовановски (до 18) со освоени 5.5 бодови се пласираше на 75 место, додека Стојан Велкоски (до 18) со ист број бодови се најде две места подолу во конечниот пласман.

Јована Давиткова (до 16) се пласираше на 82 место со 4.5 бодови, Никола Бошковски (до 16) со четири бодови на 114 место, Ивана Велкоска со три бодови на 118 место, додека Малакај Насков го заврши настапот со пет босови на 124 место.

На Светското првенство настапија вкупно 766 учесници во сите категории, 450 во машка и 316 во женска конкуренција од 92 држави.

Новите светски прваци по категории се:

До 18 – Алексеј Гребнев (Русија) 9.5 бодови и Ајан Алахвердиева (Азербејџан (9.5 бодови.

До 16-Јакуб Семан (Полска) 9.5 бодови и Ванг (Кина) 10 бодови

До 14 – Павел Совински (Полска) 9 бодови и Афруза Хамданова (Узбекистан) 10 бодови. ег/дма/

Фото: ШФМ

Остани поврзан