• понеделник, 22 јули 2024

Maкедонската младинска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство

Maкедонската младинска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство

Љубљана, 21 јули 2024 (МИА) - Младинската ракометна репрезентација на Македонија славеше со 30-29 против Франција и го освои деветтото место на Европското првенство кое се одржа во Словенија.

Херој на Македонија беше голманот Иван Галевски кој одбрани пенал во последните моменти од натпреварот.

Македонија со овој триумф го обезбеди деветтото место на ЕП.

Со по осум голови Митев и Субашевски беа лидери на Македонија, а нив го следеше Узунчев со пет голови. Четири додаде Калајџиески.

Со оваа победа се комплетира успешниот настап на македонската репрезентација на првенството во Словенија.

Избраниците на Раде Стојановиќ натпреварувањето го завршуваат со само еден пораз, четири победи и две ремиња. дс

Фото: РФМ

Остани поврзан