• недела, 22 декември 2024

Клаузулата за ослободување на Олмо не е активирана

Клаузулата за ослободување на Олмо не е активирана

Лајпциг, 21 јули 2024 (МИА) - Ослободната клаузула на Дани Олмо од РБ Лајпциг не беше активирана до крајниот рок и тој засега ќе остане во Бундеслигата, објавија германските медиуми.

Олмо, кој блескаше за Шпанија кога го освоија Евро 2024, имаше ослободителна клаузула од 60 милиони евра што требаше да се активира до сабота.

Неколку големи клубови се поврзуваат со 26-годишниот фудбалер, вклучувајќи ги Барселона и Баерн Минхен. Но, се чини дека ниту еден клуб не беше подготвен да ја плати фиксната цена. РБ Лајпциг не ја коментирале ситуацијата.

Кариерниот развој на Олмо беше невообичаен. Тој ги напушти младинските редови на Барселона за да се приклучи на Динамо Загреб пред да потпише за РБ Лајпциг во 2020 година.

Тој навести дека би сакал трансфер, иако повредите од минатата сезона можеби имаа улога во тоа што клубовите не ја активираа ослободителната клаузула. дс

Фото: Архива

Остани поврзан