• понеделник, 22 јули 2024

Ламела пристигна во Атина, АЕК го претстави новиот играч

Ламела пристигна во Атина, АЕК го претстави новиот играч

Атина, 21 јули 2024 (МИА) - АЕК од Атина денеска претстави нов играч. Кај „црно-жолтите“ пристигна големо засилување, а се работи за аргентинскиот фудбалер Ерик Ламела.

Тој потпиша договор на три години, чија вредност е 6.000.000 евра, плус 1.500.000 евра кои ги добил само затоа што ги ставил своите иницијали на лист.

Ламела во Атина пристигна како слободен играч од Севиља каде играше четири години. Пред тоа се стекна со слава во Тотенхем и Рома, а во Европа пристигна од Ривер Плата. 

Атињаните минатата сезона ја испуштија титулата за два разлика. Во претстојната сезона со Ламела, клубот сигурно ќе биде уште поконкурентен. АЕК за три дена официјално ја започнува сезоната во квалификациите за Конференциската лига против Интер од Андора. дс

Фото: Фејсбук/АЕК

Остани поврзан