Чoлаку: Мирот во Украина може да се постигне само со помош на САД
- Романскиот премиер Марсел Чолаку во врска со мировните преговори во Украина изјави денеска дека не се важни острите моментални изјави на светските лидери, туку праведен и траен мир во оваа земја, кој може да се постигне само со помош на САД.

Букурешт, 20 февруари 2025 (МИА) - Романскиот премиер Марсел Чолаку во врска со мировните преговори во Украина изјави денеска дека не се важни острите моментални изјави на светските лидери, туку праведен и траен мир во оваа земја, кој може да се постигне само со помош на САД.
„Би сакал да имаме реакција на најважната тема во светот: мировните преговори во Украина. За мене, а мислам и за повеќето Романци, не се важни острите моментални изјави на светските лидери, туку крајната цел - праведен и траен мир во Украина. Мирот може да се постигне само со помош на стратешкиот партнер на Романија – Соединетите Американски Држави“, рече романскиот премиер на почетокот на денешната владина седница.
Чолаку истакна дека мирот ќе доведе до намалување на цените на енергијата и гасот, како и до економско закрепнување низ Европа.
„После од витално значење е да се учествува во обновата на Украина - проект вреден над 500 милијарди евра, од кој романските компании треба да добијат што е можно повеќе“, рече романскиот премиер. рп/
Фото: ЕПА