Раџа Наинголан уапсен за трговија со дрога
- Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е приведен во Антверпен како дел од операцијата против трговија со дрога, соопштија локалните власти.
Антверпен, 27 јануари 2025 (МИА) - Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е приведен во Антверпен како дел од операцијата против трговија со дрога, соопштија локалните власти.
Ова се случи утрово кога полицијата изврши рација на околу 30 адреси во Антверпен и Брисел.
Инспекторите работат на канал за дистрибуција на дрога преку пристаништето Антверпен.
Наинголан, кој сега има 36 години, пред само неколку дена потпиша со белгискиот второлигаш Локерен-Темсе.
Ова е трето апсење за популарниот „Нинџа“, како што е познат фудбалерот. Во есента 2022 година, тој повторно беше уапсен во Антверпен, но овој пат за возење без дозвола.
Пет години пред тоа бил фатен како вози пијан. дс
Фото: Принтскрин