• вторник, 18 март 2025

Халанд би можел да го напушти Манчестер сити доколку клубот не успее да се квалификува во ЛШ

Халанд би можел да го напушти Манчестер сити доколку клубот не успее да се квалификува во ЛШ

Манчестер, 18 март 2025 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд размислува да го напушти клубот доколку „Граѓаните“ не успеат да изборат учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Според „Ел Национал“, 24-годишниот Норвежанец би можел да го напушти Сити ова лето. Реал Мадрид и ПСЖ се сметаат за најверојатни опции Халанд да ја продолжи кариерата, но француското првенство не е приоритет за напаѓачот.

Халанд игра за Манчестер сити од 1 јули 2022 година, а неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2034 година. 

Оваа сезона напаѓачот одигра 38 натпревари, постигна 29 гола и четири асистенции. 

„Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на норвешкиот фудбалер на 200 милиони евра. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан